Николовски: Докажавме дека сме искрен партнер на земјоделците, заедно ги креираме мерките и го развиваме македонското земјоделство

Од:

Секој еден земјоделец е важен и преку конкретни мерки и политики што секојдневно ги носиме, во дело покажавме дека сме искрен партнер и водиме грижа за секој еден земјоделец, истакна на трибината во Струмица „Македонското земјоделство на европскиот пат“, членот на Централниот одбор на СДСМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

„Земјоделците денес најдобро знаат која е разликата меѓу СДСМ и ВМРО. Знаат како беше во времето на ДПМНЕ, да се добиваат субвенции селективно, со списоци и закани, но знаат како е и денес кога СДСМ ја води државата. Со еден потпис, во еден ден, со едно решение, исплата кон сите земјоделци, кои исполнуваат услови. Без селекција, без списоци, без притисоци. Бидејќи за нас земјоделецот е важен. Бидејќи за нас секој човек е важен и почитуван. За разлика од нив кој немаат ни почит кон никого и ништо, ниту пак чуле некогаш за тоа“, истакна Николовски.

Од 2017 година до денес, министерството за земјоделство работи транспарентно и отворено, со нов земјоделски пристап, додаде тој.

– Постојано сме на терен, директно од земјоделците ги слушаме проблемите и заедно со нивна директна вклученост ги носиме и ги креираме мерките, а така креираните мерки докажано даваат резултати. Еден од тие резултати и политики подготвени заедно со земјоделците е и новиот модел за субвенционирање. Новиот модел за субвенционирање гарантира навремена исплата на субвенциите и еве оваа година секој еден земјоделец тоа можеше да го види. Навремено беа исплатени сите директни субвенции, а до крајот на годината ќе следува и авансната исплата на субвенциите, нешто што за прв пат го овозможивме со новиот модел за субвенционирање“ истакна Николовски.

СДСМ дава поддршка за младите мотивирајќи ги да се вклучат во земјоделската дејност, нагласи Николовски.

„ За младите земјоделци имаме две мерки за поддршка преку руралната прогама ставајќи на располагање грантови од 10.000 и 20.000 евра, а од 2017 година до сега оваа поддршка ја искористиле повеќе од 860 млади земјоделци. За младите земјоделци даваме поголема поволност и во ИПАРД програмата, со можност за кофинансирање до 70% од инвестицијата. Досега во ИПАРД 2 прогамата 859 млади земјоделци аплицирале и ја искористиле можноста која им се нуди, реализирајќи инвестиции вредни 9 милиони евра. Жената земјоделка повеќе не е на маргините од општеството. Преку конкретни мерки сите овие години работиме за подигнување и подобрување на нивниот статус, бидејќи за нас жената земјоделка е уште еден важен приоритет. Во 2019 година креиравме мерка за поддршка на жената земјоделка обезбедвуајќи грант поддршка до 3000 евра. Оваа поддршка од минатата година двојно ја зголемивме и сега изнесува 6000 евра. Досега преку сите повици имаме доделено повеќе од 300 договори за поддршка на жената земјоделка. Денес имаме и активна програма за поддршка на мајчинство со која обезбедуваме поддршка до 81.000 денари за жените земјоделки како надоместок за 9 месеци за породилно отсуство, решаваме уште еден пробелем на жените земјоделки“ истакна на трибината во Струмица Николовски.

Би можело да ве интересира

Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Трипуновски: Николовски повторно лаже, донел и потпишал решение за престанок на важност на договорот

Николовски: Лажни обвинувања, со лажни договори од Цветан Трипуновски

Николовски: Пауновски е разрешен согласно законот и етичкиот кодекс

Катерина Ѓуровски

Николовски: Како членка на НАТО Алијансата нашата земја веќе го користи системот за командување со инциденти од следната генерација на НАТО

Николовски: Имаме рекорден број странски инвестиции, раст на платите и намалена стапка на невработеност