Николоски уверува дека составот на Извршниот комитет ќе обезбеди успех на парламентарните, претседателските и локалните избори

Од:

Новиот состав на Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги донесе победите на следните парламентарни, претседателски и локални избори, напиша на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

По синоќешниот избор на новиот ИК на партијата, Николоски се заблагодари за довербата што му ја уакажа премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– За ВМРО-ДПМНЕ што победува и ја менува Македонија! Нов состав на Извршниот комитет на партијата кој ќе ги донесе победите на следните парламентарни, претседателски и локални избори. Благодарам на довербата и честа претседателе Христијан Мицкоски – соработка и пријателство кои носат напорна деноноќна работа за промени и подобар живот во Македонија, наведува Николоски во објавата.

Би можело да ве интересира

Николоски: Брисел ги прифати барањата на македонската влада, возачите се прифатени како професионалци

Превозниците излегоа на протест, Николоски: Блокадата е навремена, Шенген земјите да најдат решение

Николоски: Апелирам до ЕУ македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во шенген-зоната за да не трпиме економски штети

Катерина Ѓуровски

100 нови комби возила за Пошта – Николоски најави подобрување на услугите

Горан Наумовски

Николоски: Изградбата на Коридорот 8 напредува без политички блокади

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви