Николоски: Се уште не сме разговарале за коалицирање пред претстојните избори

Од:

Очекувам изборна кампања во која ќе зборуваме за она што се случуваше, но и за иднината. Дали кампањата ќе биде фер, не зависи само од нас, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски при денешниот престој во Прилеп кога присуствуваше на отчетото што го дава градоначалникот од оваа партија.

-Намлаку зависи од нас дали изборната кампања ќе биде фер зашто сме опозиција, но убеден сум дека ќе имаме огромна поддршка од народот, рече Николоски.

За случувањата во Алијанса за Албанците, Николоски рече дека има голема разединетост во власта, и како што истакна, според него, време е ДУИ да оди во опозиција.

-Власта со години се обидуваше да направи раздор во ВМРО-ДПМНЕ, тоа не успеа. Но, наместо еден обединет фронт каков што беше најавуван, европски или не знам каков, сега ќе имаме, очигледно, најразединет возможен фронт на власта. Време е ДУИ да оди во опозиција и се создава силен отпор кон ДУИ во политичките партии на Албанците во Македонија, изјави Николоски.

На новинарско прашање дали ВМРО-ДПМНЕ разговарала за идно коалицирање со албанските партии, Николоски изјави дека размислувале, но се уште не разговарале.

За пратенички листи и изборни единици, Николоски рече дека за листите ќе се знае кон крајот на март и почетокот на април, а за носителите веројатно нешто порано.

Би можело да ве интересира

Николоски: По Барселона, од денеска се лета и до Мадрид

А1он

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

Николоски: Гевгелија ќе биде централно место за бизнис и туризам во целиот регион

А1он

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

Николоски: Во 2032 година треба да може да се патува со воз од Скопје до Бургас

А1он

Николоски: Ставен во функција радарот на скопскиот аеродром