Николоски избран за потпретседател на групата на Европската Народна Партија во ПС на Советот на Европа

Од:

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска на првиот ден од зимската сесија на Парламентарното Собрание на Совет на Европа, која се одржува во хибриден формат, поради пандемијата, е избран за потпретседател на групата на Европската народна партија во ова Парламентарно Собрание.

Како што соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ, овој избор значи дека Николоски ќе биде еден од лицата кои ќе координираат со работата на Европската народна партија во ПС на Совет на Европа. Покрај Николоски на оваа значајна позиција избрани се и Бернард Фурние од Франција сенатор со најдолг стаж една од најзначајните фигури на француската политика, Дора Бакојани од Грција, поранешен министер за надворешни работи, Улрих Вокер од Германија, Луис Рамос од Португалија и Ингерд Шо од Норвешка.

– Николоски во својот ангажман секогаш ќе стои во промоција и одбрана на интересите на Македонија, како и на националните и јазични малцинства во регионот, како и правото на македонците на самоопределување во сите балкански држави, како што тоа го правеше и во минатото, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ЕПП е најголема политичка сила во Европа, со најмногу пратеници во Европскиот Парламент и во ПС на Совет на Европа, како и најмногу премиери и претседатели на држави, а од ЕПП доаѓаат и првите луѓе на Европската Унија, пред сѐ, претседателката на Европската Комисја, Урсула фон дер Лајн, стои во соопштението.

Зимската сесија на Парламентарното Собрание на Совет на Европа ќе се одржи во периодот од денеска до 28 јануари во хибриден формат заради состојбата со корона пандемијата.

Би можело да ве интересира

Николоски уверува дека составот на Извршниот комитет ќе обезбеди успех на парламентарните, претседателските и локалните избори

Горан Наумовски

Николоски: Брисел ги прифати барањата на македонската влада, возачите се прифатени како професионалци

Превозниците излегоа на протест, Николоски: Блокадата е навремена, Шенген земјите да најдат решение

Николоски: Апелирам до ЕУ македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во шенген-зоната за да не трпиме економски штети

Катерина Ѓуровски

100 нови комби возила за Пошта – Николоски најави подобрување на услугите

Горан Наумовски

Николоски: Изградбата на Коридорот 8 напредува без политички блокади