Никола Весков го фати светиот крст во Неготино

Од:

Никола Весков (29) од село Криволак го фати крстот за Водици во Неготино. По овој повод, доби телевизор од градоначалникот Ванчо Апостолов, МПЦ и црквата „Свети Атанасиј” му подарија икона, а подарок му додели и компанијата “Зегин”.

Весков учествува на манифестацијата 11 пат, а прв стигнува до светиот крст вторпат, откако и лани имаше среќа. Toj и градоначалникот на сите им го честитаа празникот Водици и им посакаа здравје, среќа и хармонија во семејствата.

Во трката за крстот учествуваа 27 лица, а на положувањеto во реката Вардар кај Пепелишкиот мост присуствуваа жители на Неготино и околните села. Пред тоа се одржа литургија во манастирот „Свети Ѓорѓи”.

Би можело да ве интересира

Двајца скопјани кои вчера скокаа по светиот крст се спасени од давење во Вардар

Горан Наумовски

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Горан Наумовски

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст на Богојавление во Охрид

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје