Никола Мантев го фати светиот крст во Кавадарци

Од:

Никола Мантев (25) го фати светиот крст во реката Луда Мара во Кавадарци што беше положен по повод денешниот голем христијански празник Богојавление – Водици.

Водосветот со литургии, во духот на христијанската традиција, го организираа двете православни цркви „Свети Димитрија” и „Света Петка”, а заврши со две свечени поворки и фрлање на осветниот крст. .

Мантев посака здравје и среќа за своето семејство. – Досега многу пати сум се фрлал по крстот на Богојавление Водици, но денеска првпат ми успеа и да го фатам, изјави Мантев кој доби два ТВ приемника за подарок, еден од општината и еден од Зегин.

Освен него, во водите на реката по светиот крст се фрлија уште десетина лица.

Честитајќи го празникот, кавадаречкиот градоначалник Александар Панов посака здравје, среќа и бериќет за сите.

Би можело да ве интересира

Двајца скопјани кои вчера скокаа по светиот крст се спасени од давење во Вардар

Горан Наумовски

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Горан Наумовски

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст на Богојавление во Охрид

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје