Незири во посета на Гостивар

Од:

Подобрување на условите за учениците и за наставниот кадар се на врвот од приоритетите на Министерството за образование и наука и тоа ќе продолжи, иако владее општа економска криза, рече заменик-министерот Сафет Незири денеска за време на неговата посета на Гостивар.

На средба со неговиот домаќин, градоначланикот Невзат Бејта, било разговарано за состојбите во образованието и за потребите на општина Гостивар.

Незири и Бејта го посетија и училиштето „Братство-Башкими“ каде се врши реконструкцијата на зградата, како дел од проектот за модернизација на образованието, а за што е предвидено да се вложат околу 300 илајди евра.

– Задоволен сум од динамиката на работите кои тука се изведуваат. Во оваа, прва фаза предвидена е целосна реконструкција на тоалетите и замена на прозорците, а веќе се работи и на подоготовки за втората фаза која опфаќа замена на покривот, фасадата, подот и вратите. Со ова, училиштетото ќе биде во класа на енергетски ефикасно, изјави заменик министерот Незири.

На новинарско прашање во врска со ОУ „Битолски Конгрес“ и едно подрачно во Велес, Незири изјави дека тие ќе бидат надминати до почетокот на годината.

– Во делот на градежните работи и интервенции, онаму каде МОН е инвеститор, нема застои. Создавањето подобри услови за учениците и за наставниците е приоритет и на министерството, рече заменик-министерот за образование и наука, Сафет Незири.

Градоначалникот Бејта, побарал помош за довршување на две спортски сали, чија изградба не завршила во изминатите четири години и за решавање на проблемот со греење во ОУ „Гоце Делчев“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро