А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Независниот синдикат на пожарникарите апелира граѓаните да бидат внимателни да не предизвикаат пожари

by А1он10/04/2020 - 11:36129
Share0

Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија ги повикува граѓаните, во услови на рестриктивна слобода на движење, во услови на борба со пандемијата и ангажираност во таа борба на интервентните човечки ресусрси со кои располага државата, со особена одговорност да се однесуваат кон можноста за предизвикување на пожар.

Добивај вести на вибер

-Ваквата претпазливост и овој јавен повик го упатуваме од следните причини – со покачување на температурите на воздухот се зголемува можноста за предизвикување и брзо ширење на пожарите, со ограничување на движењето на самите вас-граѓаните кои сте нашиот најголем соработник и помагач во борбата против пожарите, се намалува можноста од вашата асистенција во заедничката борба со огнените стихии, но особенo со можноста правовремено да ни дојавите за пожарите што заедно со нашата брза интервенција се клучниот фактор за нивното сузбивање, со ограничување на движењето, зголемен е бројот на лица кои престојуваат во своите домови, а со тоа и можноста за загрозување на животите на поголем број граѓани одеднаш што значи и помала можност за нас да го постигнеме ефектот што го посакуваме, се вели во соопштението од Независниот синдикат на пожарникарите.

Затоа, додаваат тие, во име на вашата безбедност, безбедноста на вашите најблиски и на сите нас кои сме дела од системот на вашата колективна заштита, апелираме да се воздржите од палење на губриштата, контејнерите, отпадот, стрништата и со нагласена внимателност да рaкувате со сите средства и уреди кои се потенцијални причинители на пожарите.

-НСПМ со своето членство-пожарникарите, отсекогаш а особено во овие исклучително тешка состојба со која се соочуваме, се со вас во својот полн состав со зголемен интензитет на приправност за интервенција, се вели во соопштението од синдикатот.

pozar

Би можело да ве интересира

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Горан Наумовски27/02/2026 - 18:33

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:10

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он21/02/2026 - 14:15

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

Горан Наумовски17/02/2026 - 21:04

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски13/02/2026 - 09:2513/02/2026 - 09:56

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

Горан Наумовски12/02/2026 - 11:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен