Независниот синдикат на полицијата денеска обвини дека околу на 1.500 припадници на полицијата не им се исплаќаат прекувремените работни часови.
Претседателот на синдикатот Гоце Делчев изјави дека според нивните информации има бројни станици каде на вработените не им е исплатено за сработената прекувремена работа.
– Го предупредуваме Министерството за внатрешни работи итно да отпочне со проценка на сите доставени списоци кои се однесуваат на прекувремените работни часови и тие да бидат исплатени, изјави Делчев.