Невидени притисоци од Центарот за социјални работи во Скопје да и го земат четиригодишното дете

Од:

Во нездраво општество како македонското, нормално е судовите и институциите заедно да се борат со една мајка да и го земат четиригодишното дете. Но, здравото ткиво на општеството реагира. По изјавата на мајката Невена Спасеска која проговори за судското насилство врз неа, стотици повици од граѓани кои се ставаат на располагање, реагираше дури и хрватската пејачка Северина.

„Институционално насилство врз мајките и корупција. Држете се, тука сум за вас напиша Северина“, а дополнително и понуди било каква помош во борбата на мајката да го задржи своето дете.

Во меѓувреме, голготата продолжува оваа мајка се наоѓа под невиден секојдневен притисок од Центарот за социјални работи во Скопје. Социјалниот работник Гоце Прцуловски, кој е дел од стручниот тим во цел период по пресудата не одговара на писмените барања за заштита на мајката, но злоупотребувајќи ја својата службена положба и излегувајќи од своите надлежности врши притисок на мајката да го предаде малолетното четиригодишно дете на неговиот татко без да и даде Решение со кое би го заштитил и регулирал нејзиниот однос со детето, што е должен да го направи.

1.Последното барање од мајката е поднесено на 25 април, меѓутоа и за тоа барање Прцулоски не дава одговор и не презема дејствија, покрај Прцулоски по барањето не превзема ништо ни целокупниот Центар за соццијални работи Скопје.

2. Токму со такво решение на Центарот во Скопје од јуни минатата година беа уредени видувањата на таткото од Охрид со малолетното дете кое живееше со мајката.

3. Со спорната пресуда П2-52/24 на Основниот Суд Охрид која стана правосилна и извршна на 20 февруари годинава, малолетното дете е доделено на таткото од Охрид, старото Решение од јуни повеќе не може да опстои и фактички не произведува правно дејство, како што сега сака да наметне Прцулоски.

4. ЈУ МЦСР на Град Скопје како орган надлежен да ги регулира начинот и динамиката на одржување на контакти на родителите со малолетното дете по промената на околностите кои настанале со правосилната и извршна пресуда бил должен да донесе акт со кој го става вон сила Решението за регулирање на видувањата на детето со мајката, но на ова прашање и барање Центарот за социјални работи, раководителката Јована Георгиева и Гоце Прцулоски не постапуваат и не одговараат зошто не го прават тоа?

5. На 19.март, мајката Невена Спасеска била повикана во ЈУ МЦСР на Град Скопје на информативен разговор и истата побарала од страна на стручниот тим да постапува по настанатите променети околности со пресудата меѓутоа од страна на стручниот тим на чело со Гоце Прцулоски и бил испратен допис на личен е-маил со посебни укажувања дека детето мора да го предаде согласно Решението за регулирани видувања, игнорирајќи го фактот за променетите околности и старателството кое му е доделено на таткото.

6. Во истиот допис од страна на Гоце Прцуловски и се напоменува на мајката дека родителските права и обврски се подеднакви без разлика на кого детето е доверено при што се поставува прашање на кој начин ја заштитува мајката кога детето е доверено на таткото и како се заштитени родителските права на мајката?

7. Со Барање потпишано од мајката и доставено до стручниот тим на ден 1 април 2025 година повторно е побарано да се произнесат и за тоа дали Решението за видување е во сила бидејќи детето е доделено на неговиот татко, меѓутоа повторно и се укажува дека Решението со кое се регулирани видувањата на детето со таткото е во сила.

8. По неколку дена, на 7 април, Невена Спасеска како мајка повторно поднесува Барање да се преземат дејствија од страна на ЈУ МЦСР на Град Скопје и заради променети околности Решението да се стави вон сила барајќи заштита органот надлежен за старателство да ја заштити како родител со истите права кои ги уживал таткото додека детето живеело со мајката.

Невена Спасеска веќе подолго време се бори сама против неправдата со македонскиот корумпиран систем, само со една цел, да има контакт со своето дете на кое пред се му треба мајка. Судовите во Охрид и Битола, беа никакви аргументи зошто и го одземаат детето, го доделија на таткото од Охрид. Во пресудата пишуваше дека материјално бил обезбеден и бил машко, што биле предности за него да го чува дететото.

(ВИДЕО) Мајката до судиите кои ѝ го одзедоа детето: Дали сте свесни какви трауми ќе предизвикате кај тоа дете?

Оваа мајка на четиригодишното дете по спорната правосилна одлука и судењето во Охрид и Битола, чека на одлука на Врховниот суд кој може да го врати предметот на повторно судење или да донесе поинаква одлука. Предметот односно жалбата упатена до Врховниот суд до петок треба да тргне од Охрид накај Битола, од каде треба да се упати за Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мајката до судиите кои ѝ го одзедоа детето: Дали сте свесни какви трауми ќе предизвикате кај тоа дете?

Предраг Петровиќ

Постапката четиригодишното дете да му се даде на таткото наместо на мајката мора да се повтори-одбраната укажува на нерегуларности

Предраг Петровиќ