„Нема стигнато барање за нова истрага за Трајковски“

Од:

Барање за нова истрага во Босна и Херцеговина за загинувањето на македонскиот претседател Борис Трајковски до сега не е стигнато во БиХ, пишува сараевскиот „Дневни Аваз“.

Според весникот македонските власти таквото барање го најавиле уште пред три месеци.

„Адвокатот на дел од семејствата на настраданите Игњат Панчевски кој тврди дека авионот е погоден со проектил од друг авион, а потоа преживеаните биле ликвидирани, смета дека тоа не е случајно и дека случајот се настојува да се сокрие“, пишува весникот.

Весникот го пренесува заклучокот дека новите докази со кои располагала Македонија покажуваат дека на Трајковски е извршен атентат и дека тоа не била авионска несреќа.

„Во Дирекцијата на цивилното воздухопловство не е стигната документација ниту барање за покренување нова истрага за падот на авионот со кој во 2004 година погина претседателот на Македонија“, потврди за „Аваз“ советникот за информации Александар Лаловиќ.

„Освен тоа ни Јавното обвинителство во Македонија нема отворено нова истрага за овој случај иако пред три месеци му биле однесени нови докази“, пишува весникот.

Според Аваз, постојат повеќе мислења зашто не се случува ништо.

Повикувајќи се на неименуван соговорник, весникот наведува дека станува збор за „димни бомби“ од Скопје и дека не постојат никакви аргументи осум години по несреќата за да се покрене нова истрага.

„Од друга страна македонскиот адвокат Игњат Панчевски кој застапува дел од семејствата на настраданите кажува дека „тие што учествувале во атентатот го кочат отворањето на нова истрага“, пишува сараевскиот весник Дневни Аваз.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голем пожар кај „Борис Трајковски“ во Карпош

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Одбележана годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Ана Ололовска

Државниот врв денеска ја одбележува годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Ана Ололовска

Борис Трајковски, Киро Глигоров и Никола Кљусев најпопуларни политичари во изминатите три децении

А1он

Одбележана годишнината од раѓањето на претседателот Борис Трајковски

Навалица за вакцинирање во „Борис Трајковски“, закажаните за в сабота дошле денес оти сакале да користат продолжен викенд

Маја Илиевска-Пачемска