Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Од:

83-годишник од Битола бил измамен за 10 илјади евра. Му се јавил човек кој се претставил како лека и му рекол дека неовата внука е е тешко повредена по пад од скалии и е потребна итна интервенција. Старецот ги дал парите на лице кое дошло пред неговата врата.

По разговор со синот, сфатил дека е измамен.

– На 24.02.2026 во 13:30 часот во СВР Битола, 83-годишник од Битола пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, извести МВР.

Би можело да ве интересира

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

Ограбена скопјанка на мостот „Гоце Делчев“, приведени двајцата разбојници

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Скопјанец ја тепал и ја избркал сопругата од дома, децата ги заклучил во тоалетот

Катерина Ѓуровски