Нема изјаснување за вина и воведни зборови, обвинетите за Пулс“ го немаат интегираното обвинеие

Од:

Главната расправа на судењето за „Пулс“ продолжи со изјаснување на оштетените за нивните побарувања откако Судечкиот совет реши дека не ја прифаќа забелешката на бранителите дека поднеле изменето обвинение, но прифати дека обвинетите не го добиле интегрираното, по што не можеше да има произведување за вина и воведни зборови на обвинителите. Адвокатите на дел од обвинетите во предметот за пожарот во „Пулс“ на почетокот на денешното рочиште имаа повеќе забелешки на ревидираното и интегрирано обвинение и новата листа на докази.

Советот смета дека не станува збор за ново обвинение бидејќи не се воведени нови дејствија, нови објекти, не е сменета фактичката состојба, ниту е дадена нова квалификација. Во однос на временска рамка, во текстот е прецизирано за секој обвинет посебно, изјави судијката Диана Груевска Илиевска.

– Приговорите, бранителите можат да ги истакна во воведните говори. Судот ги прифаќа приговорите на дел од бранителите дека обвинението ме е доставени до обвинителите, судот денеска и утре ќе изврши достава до сите обвинети. Со оглед дека нема да можат до утре да ги разгледаат, денеска ќе продолжиме со изјаснување за побарувањата на оштетените, нагласи судијката Груевска Илиевска.

Би можело да ве интересира

Од 2012 до 2025 немало ниту една противпожарна контрола во „Пулс“, сведочеше вештото лице

Марковски: Инспекторите можеле и морале да ја затворат „Пулс“ поради незаконските зафати

Горан Наумовски

Со распит на градежните вештаци продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Левица бара да проработи Анкетната за Кочани

Вештачење: „Пулс“ не смеел да функционира како кабаре, реконструкцијата била нелегална

Горан Наумовски

„Пулс“ нелегално бил пренаменет од индустриски објект во дискотека, Општината требало да реагира