Неколку скопски села утре без струја

Од:

Корисниците од селата Побожје, Долно Коњаре, Средно Коњаре, Дивље, Сушица и Живиње утре од 10 до 14 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од село Батинци и дел од село Љубош, а од 10 до 12 часот и корисниците од објектите кај езеро Матка во националниот парк Јасен.

Во периодот од 9 до 15 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат и корисниците од дел од село Визбегово, објектите во близина на клучката Визбегово и Качанички Пат, додека од 8:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од село Љуботен.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето  технички зафати во електро-системот од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја