Неколку скопски општини и села утре без струја

Од:

Дел од потрошувачите од село Љуботен утре од 8:30 до 14:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 6 до 9 часот, без струја ќе бидат и делови од селата Рашче, Копаница, Бојане, Долно и Горно Свиларе, Радуша, Долна и Горна Матка, Грчец, Љубин, Глумово, Шишево, Арнакија, Чајлане, Буковиќ, Кондово, Велеполе, Кучково, Чашка, Семениште, Ласкарци, Паничари и Раовиќ.

Во периодот од 08 до 16 часот, без електрична енергија ќе се и корисниците од населба Горно Лисиче во близина на црквата свети „Петар и Павле“, улица „1515“ во населба Пинтија, местото викано Смрека, делови од улица „Ѓорѓи Капчев“, подулици „1“, „4“, и „16“, делови од улицата „Христо Татарчев“ – подулици „9“ и „15“ во општина Аеродром и Кисела Вода.

Од 9 до 14 часот, без струја ќе бидеат и дел од корисниците од селата Црешево, Виниче и Булачани.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведување зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

Би можело да ве интересира

Поради пожар, дел од Чаир, Бутел и Железара се без струја

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 04.07.2025 изнесува 105,75 евра за мегават час, на МЕМО 98,92 евра за мегават час

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 13.06.2025 изнесува 76,42 евра за мегават час, на МЕМО 76,27 евра за мегават час

Паметна енергетска одлука за вашиот бизнис – новите решенија од ЕДС

Не гледам причина за каква било промена на цената на струјата, вели Бислимовски

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија