Неколку скопски населби и села утре без струја

Од:

Дел од корисниците од улиците „Брсјачка Буна“, „Моравска“ и „Гвадалахара“ во општина Шуто Оризари утре  од 9 до 13 часот ќе останат без напојување со електрична енергија поради поставување нов приклучок.

Во периодот од 8:30 до 13 часот без струја ќе биде областа Ергеле во општина Гази Баба, од 9 до 10 часот селото Долна Арнакија, од 7 до 15 часот улицата „Индира Ганди“ во општина Шуто Оризари, а од 9 до 12 часот дел од корисиците од селата Петровец, Огњанци и Таор, викенд населбата Јане Сандански, селото Орешани и викендиците, дел од селото Зелениково, објектите на Бујото, Маско и Млекара Христови во општина Зелениково.

Од 6:30 до 15:30 чсот без елелктрична енергија ќе бидат и асфалтната база на Качанички Пат и селата Никиштани, Орман, како и дел од селото Волково – улиците „56“, „101“ и „102“, од 9 до 10 часот корисниците од улиците „Софиска“ и „Његошева“, од 10 до 15 часот од улицата „Миле Поп Јорданов“, а од 14 до 15 часот од улицата „Струшка“ во општина Карпош.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја