Неколку скопски населби и села утре без струја

Од:

Корисниците од населбите Синѓелиќ, Маџари и Ченто утре од 6:30 до 7:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија, а од 8:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од улиците „Петар Манџуков“, „Бутелска“, „Никола Канински“, „Марко Крале“, „Пребондова“ и „Мостарска“ во општина Бутел.

Од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците бр.1, 2, 3, 4 и 5 во село Грчец, и корисниците од булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ на потегот од број 160 до број 185, како и корисниците од улиците „Миле Поп Јорданов“, и „Џумајска“ од број 23 до број 50 во општина Карпош.

Во периодот од 9 до 15:30 часот без струја ќе се и корисниците од село Долна Арнакија, а од 13 до 15 часот дел од корисниците од улица „Руди Чајавец“ од број 11 до број 25 во општина Аеродром.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија АД.

Би можело да ве интересира

РКЕ: За трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час