Неготинец присили скопјанка на полови дејствија, ја снимаше, па и бараше пари да не го објави видеото

Од:

Полицијата уапси 29 годишен неготинец откако скопјанка го пријави дека ја присили на полово дејствие, ја снимаше, а потоа ѝ бараше пари за да не го објави видеото.

„На 06.12.2025 во 01:00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.М.(29) од Неготино, постапувајќи по пријава од 41-годишна жена од Скопје дека на 02.12.2025 во стан на подрачјето на Центар ја присилил на полово дејствие, при што снимал со мобилен телефон, а потоа и упатувал закани и барал да му даде пари за да не го објави видеото на социјални мрежи“, информираат од МВР.

Од таму додаваат дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он

Уапсени се 14 возачи за безобѕирно возење

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Маж од Чегране е осомничен за уцена од 5.000 евра, се закануваше со објава на снимен разговор

А1он

Нови пријави за семејно насилство во Македонија

А1он

Пријавено е насилство врз жени во Штип и во Виница

А1он