Нефи Усеини уште нема мандат за да даде оставка од Советот на Охрид

Од:

Советникот на ДУИ, Нефи Усеини, нема мандат, а даде оставка од советничката функција во Општина Охрид. На седницата каде се верифицираа мандатите на новите советници, тој беше единствениот кој не присуствуваше. Според сознанија на „А1он“, тој бил и надвор од Македонија. Следната седница е закажана за петок, каде ако се појави, ќе му се верифицира мандатот. За престанок, ќе треба да почека наредна седница која би се одржала најкратко за една недела. Претседателот на Советот, Сашо Донев, за „А1он“ вели дека ќе се постапи според законските прописи.

„Мора верификација на мандатот каде ќе биде избран советник на изборите. Потоа, тој треба да поднесе оставка која ќе биде верификувана наредната седница И треба да биде известена ОИК“, рече Донев за „А1он“.

ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство и доби претседател во општинскиот совет на Охрид, а СДСМ и ДУИ заминаа во опозиција. Со нив и советникот Нефи Усеини и „Охрид има план Б“. Дел од новото мнозинство во Советот на Охрид се ВМРО-ДПМНЕ и коалиција ,,Обнова на Македонија”, „Левица“ и „Охрид пред сѐ“ која ја сочинуваат поранешни членови на СДСМ. На конститутивната седница, со 14 гласови „за“ беше изгласано Сашо Донев да биде претседател на Советот.

Нефи Усеини, по вторпат доби мандат во Советот. Првиот, го врати на неколку месеци пред локалните избори. Тогаш, продолжи да добива тендери и да работи со општинските претпријатија.

Би можело да ве интересира

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Лазаревска: СДСМ бара одговорност за отстранувањето на спомен плочата од НОБ во Охрид, Пецаков да не молчи

Левица: Нефи поддржан од Пецаков ја отстрани спомен плочата на НОБ во Охрид

Бизнисменот Нефи Усеини, кој тепаше и градеше дивоградби, поднесе оставка од советничката функција во Охрид

Кристијан Ландов

Наместо затвор, Нефи Усеини доби казна под минимумот: парична глоба ќе треба да го натера да не тепа советници во иднина

Кристијан Ландов

По четири години турбо работа: Обвинителство утврди дека пицеријата на Нефи е дивоградба и го гони