Неделков: Членовите на СОНК нема да учествуваат на никакви партиски организирани протести

Од:

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков денеска ги повика членовите на синдикатот да не учествуваат на протест, без разлика кој го организира, освен на активности на кои СОНК е организатор.

Неделков појасни дека синдикатите си ја работат својата работа и нагласи дека секое мешање на политичките партии во образованието е очигледно и може да биде контрапродуктивно.

– Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК, како најголем синдикат за образование и наука, во кој членуваат над 20.000 просветни работници, се оградува од секаков вид на политички влијанија и дејствија во образованието. Во период на интензивни преговори за изнаоѓање решение и средства за подигнување на социјалниот статус на вработените во образованието, делувањето на политичките партии и преземањето на улогата на синдикатите, упатува на купување на ситни политички поени и може да има сосема спротивен ефект, се вели во објавата на Неделков на Фејсбук, која е споделена и на Фејсбук страната на СОНК.

Според СОНК, политичките партии имаа и имаат можност да докажат колку се загрижени за просветните работници, а тие знаат тоа најдобро да го оценат.

– СОНК ќе продолжи да делува со сите расположливи синдикални средства во натамошниот период, се до остварувањето на својата цел. Членовите на СОНК нема да учествуваат на никакви партиски организирани протести и строго ќе внимаваат на мешањето на политиката во синдикатот, се наведува во објавата на Фејсбук.

СДСМ денеска на прес-конференција најави дека преку Комисијата за образование утре ќе организира собир на наставници и просветни работници. Собирот под слоганот „Немате оправдувања, покачете ги платите!“ ќе биде пред Министерството за образование и наука во Скопје, со почеток во 11.30 часот.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, на прес-конференција соопшти дека се врши злоупотреба на наставниците и апелираше просветните работници да не подлегнуваат на притисоци на опозицијата.

Би можело да ве интересира

Што подолго без договор, поблиску до прекин на наставата-ниту законот на Груевски не може да спречи штрајк

Предраг Петровиќ

За синдикатите неприфатливи предлозите за зголемување на платите во јавниот сектор за годинава

Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост