НДМ: Играта со слободните финансиски зони е опасна авантура

Од:

„Народно движење за Македонија бара од ВМРО-ДПМНЕ да го повлече уставниот амандман за меѓународни финансиски зони, бидејќи, играта во која странски инвеститори наводно ќе дојдат во овие зони, претставува опасна авантура.

Со други зборови, слободните финансиски зони значат, всушност, влез на украденото општествено богатство од околу 4 милијарди долари во македонската приватизација, како и на капитал од околу 5 милијарди германски марки според проценките на МВР, од големиот шверц за време на ембаргото на ОН спрема тогашната СР Југославија.

За НДМ, како и македонскиот народ нема дилема. Влегувањето на валканите пари на македонските олигарси е тешка провокација на власта спрема граѓаните.

За илустрација, да презентираме само еден случај кој јасно покажува дека токму во Македонија некој сака влез на украдениот приватизациски капитал.

По случаен избор да ја спомнеме приватизационата приказна на „Скопска пиварница„ во која, тогашниот директор, Свето Јаневски, со својата дружина ја направи „зделката„ за сите времиња откако за нула денари ги приграбија акциите, а дополнително во постприватизацискиот период заработија 130 милиони долари од продажбата на акциите на „Пиварница„ и преку ноќ се промовираа од комунисти во капиталисти.

Затоа, ВМРО-ДПМНЕ како народна партија со демохристијанска ориентација и силна верба во Бог, има обврска да го врати украденото на народот, а не преку слободни финансиски зони да им овозоможи на олигарсите влез и непречено луксузирање врз грбот на работниците кои со невиден ентузијазам ги градеа фабриките во социјализмот.

Притоа, нема оправдување фактот, што, како транзициските олигарси умираат, нивните деца како наследници на украдениот капитал ја менуваат страната и преку ноќ стануваат  „вмровци„ бидејќи, во криминалната, неправедната и неморалната приватизација е извршена економска диверзија врз Македонија и економско злосторство врз сопствениот народ преку бесплатното приграбување на општествените фирми кои 50 години наназад ги создаваа сите работни луѓе во социјализмот“, се вели во соопштението на Народно движење за Македонија.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов