А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

НБРМ ќе бара нова локација за изградба на објект

by А1он08/11/2012 - 16:32328
Share0

Народната банка на Република Македонија подолг временски период презема чекори, согласно со своите развојни планови, за изградба на нов функционален објект којшто ќе ги задоволи сегашните и идните потреби на банката. Заради тоа, изготвивме проектна задача и објавивме анонимен конкурс за изработка на идејно решение за нов објект на Народната банка на Република Македонија.

Добивај вести на вибер

Комисијата составена од девет члена, истакнати професионалци, професори и академици од областа на архитектурата, градежништвото и уметноста, заклучи дека: „трудовите коишто беа доставени не понудија објекти што се препознатливо архитектонски проектирани и дизајнирани со современи конструктивни системи. Во понудените решенија нема архитектура со еден похрабар концепт, современа технологија, богат колорит и материјали, ниту пак архитектура што ќе дава посебен дух и белег на плоштадот Македонија и на пошироката околина на центарот на Скопје. Понудените проекти, во однос на катастарската парцела на којашто треба да се изгради објектот, не дадоа решенија поврзани со барањата за сообраќај и пристап до објектот, заштита од пожари, безбедност и енергетска исплатливост.“

Имајќи го предвид наведеното, Народната банка на Република Македонија ќе ја врати доделената парцела и ќе побара нова којашто би била соодветна на нашите потреби.

nbrm

Би можело да ве интересира

Девизните резерви во јануари зголемени за 675,3 милиони евра

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 09:27

Инфлацијата 4,1 отсто во 2025

Катерина Ѓуровски10/02/2026 - 12:1810/02/2026 - 14:48

Седница на Советот на Народната банка: Макроекономските движења се во согласност со очекувањата на Народната банка

Катерина Ѓуровски04/02/2026 - 10:58

Каматата на кредитите во ноември 4,80%, на депозитите 2,18%

Катерина Ѓуровски30/12/2025 - 12:37

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за третиот квартал од 2025 година

Катерина Ѓуровски26/12/2025 - 10:25

Народна банка: Во 2025 година економскиот раст 3,5 отсто, просечната стапка на инфлација 3,9 проценти

Катерина Ѓуровски05/11/2025 - 13:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен