Наутро студено, преку ден сончево со мала облачност

Од:

Времето денеска изутрина ќе биде ведро и студено, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец со брзина од над 60 километри на час.

Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 7 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во наредните денови времето ќе биде стабилно и студено со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштат до -10 степени Целзиусови.

Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Би можело да ве интересира

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Сончево и топло време со температура до 35 степени

А1он

Сончево и топло време со температура до 33 степени Целзиусови

А1он

Топло со високи температури и следната седмица

Топло и денеска и следната недела

Викендов до 36 степени, топло и следната недела