Наумов: Јавниот долг на Македонија достигна нов рекорден износ

Од:

Со денешната аукција на државни хартии од вредност, јавниот долг на РМ достигна нов рекорден износ. Долгот што треба да го враќаат граѓаните сега изнесува речиси 4 милијарди и 300 милиони евра. Со само 4 одржани аукции на државни хартии од вредност, над 15% од дефицитот за 2016 година е веќе реализиран, вели Кире Наумов дополнителен заменик министер за финансии.

На денешната аукција министерот Ставрески запиша 15.627 милиони евра, а за враќање доспеваа само 7.07 милиони евра, односно запиша 8.56 милиони евра нов нето долг.

И каматните стапки на дел од запишаните хартии од вредност се повисоки од претходно одржаните аукции.

Министерот Ставрески за незаконски закажаната аукција од минатата недела, наместо да одговори на моето писмено барање и да ја достави целокупната документација, одговорноста ја префрли на Секторот за меѓународни финансиски односи и управување со јавен долг.

Го повикувам Управниот суд на РМ да се произнесе по тужбата која ја поднесов на 22 декември 2015, против одлуката на Државната изборна комисија.

Ова неконтролирано задолжување на товар на граѓаните и идните генерации, единствено во функција на предизборниот период, мора да престане.

Би можело да ве интересира

ЗНМ ќе избира нов претседател меѓу Чадиковски и Наумов

Наум Локоски

Наумов: Миноски повторно одлучи да го зголеми јавниот долг за нови 5 милиони евра

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Наумов: Груевски и соработниците ќе одговараат за незаконското издавање на еврообврзницата

А1он

Наумов: Во моментов СДСМ го спречи налудничавото задолжување, пари за плати и пензии има

Емир Латифовиќ

Наумов: Министерството за финансии и денеска ги задолжи граѓаните со нови 1,2 милиони евра

Емир Латифовиќ

Наумов: Ставрески да објасни кој е основот за задолжувањата

Емир Латифовиќ