ВИДЕО: Научната јавност – Во Македонија нема порака од други планети

Од:

Чудниот знак во полето во Расадникот кај селото Таринци и денеска е топ тема меѓу штипјани. Измама, герила маркетинг, уметност или нешто друго сите се прашуваат. Никој не верува во приказната за вонземјаните, или барем јавно не ја споделува, но сега сите лицитираат со тоа чиј е знакот. Дека приказната за НЛО е научна фантастика говори и професорот од Факултетот за природни и технички науки на УГД, д-р Тодор Делипетров.

„Далеку сме од таа приказна дека ова е НЛО. Прво против тоа одат неколку научни факти. Било каков летечки објект со тие димензии ќе остави многу подлабоки траги во полето. Ако се работи за летечки објект житото ќе биде изгорено, еден обичен хеликоптер да слета па ќе остави траги. Иако не е исклучена можноста од природен феномен, и природни движења на воздухот, сепак мислам дека станува збор за човечки фактор“, вели д-р Делиптеров.

Интересно е дека сличност со знакот во полето забележале од штипскиот универзитет. Велат дека тие не го направиле, туку само ја констатирале сличноста со нивното лого:- Додека медиумите дебатираа за потеклото на оваа појава, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип констатираше уште поневообичаена коинциденција. Имено, формата која случајно или не е отсликана во штипското село е идентична со логото на Лабораторијата за заштита на растенијата и животната средина која функционира во состав на Земјоделскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип“, напишале од универзитетот. Засега од таму се без официјален коментар, но според напишаното во соопштението отсликувањето на формата која е идентична со ова лого е интересна афирмација за Лабораторијата.

Професорот Делипетров вели дека верува дека не сме сами во вселената, ама дека малку е параноично да веруваме дека некој постојано не следи и одбрал да „слета“ токму во полето кај Таринци

„Лично верувам дека е можно во вселената да постојат други цивилизации, ама дека баш сега дошле нашето поле во Таринци и направиле кругови не верувам во тоа“, додава д-р Делипетров. Местенка или не сепак круговите во полето ја разбудија фантазијата и креативноста на цела Македонија.

Виолета Кожинкова

 

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ