А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

НАТО: Македонија има историска можност да влезе во евроатлантското семејство

by А1он18/10/2018 - 15:4218/10/2018 - 20:39158
Share0

Портпаролката на генералниот секретар на НАТО Оана Лунгеску по почетокот на пристапните преговори за членство на Македонија во Алијансата, изјави за МИА дека денешниот настан е важен чекор за Македонија и оти земјата сега има историска можност да стане дел од евроатлантското семејство ако се имплементира Договорот со Грција.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Земјата одбележа важен чекор денеска со започнувањето на дводневните пристапни преговори во седиштето на НАТО, изјави Лунгеску.

– Преговорите ја покриваат безбедноста, одбраната, политичките, правните и финансиските прашања како и целите и роковите кои Скопје треба да ги исполни за време на и по зачленувањето. Ова е продолжување на работата на пристапниот процес кој започна во јули по поканата на сојузниците на Самитот во Брисел. Скопје има историска можност да го спроведе Договорот за името и да ја внесе земјата во евроатлантското семејство. Ова ќе помогне да се консолидираат мирот и стабилност ширум Западниот Балкан, изјави Лунгеску.

Делегацијата на Владата на Република Македонија, предводена од вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, заедно со Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски, ја отворија денешната сесија со помошник генералниот секретар на НАТО, амбасадорот Александро Алваргонзалес, и со тимот на НАТО за преговори со Македонија.

Следете a1on на Youtube YouTube
nato

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Катерина Ѓуровски21/10/2026 - 10:28

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Горан Наумовски18/10/2026 - 07:51

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он16/10/2026 - 16:29

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски14/10/2026 - 17:2014/10/2026 - 16:25

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Катерина Ѓуровски05/10/2026 - 16:02

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Предраг Петровиќ26/09/2026 - 18:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео