„National Geographic“ сака да ја емитува реконструкцијата на падот на кингерот на Трајковски

Од:

Телевизискиот канал „National Geographic“, кој од неодамна престана да се емитува во Македонија, е заинтересиран да направи тв-реконструкцијата на падот на авионот со кој загинаа претседателот Борис Трајковски и неговите соработници во близина на Мостар, изјави главниот истражител на Комисијата која го истражуваше падот на авионот, Омер Кулиќ, кој во вторникот и во Сараево го презентираше извештајот за загинувањето на Трајковски.

Авионот се сруши на 26 февруари 2004 година, неколку километри од мостарскиот аеродром, а потоа се запали. Сите патници загинаа на лице место.

На местото на несреќата пронајдени се две црни кутии, а босанскиот весник „Дневни аваз“ на интернет страницата објави аудио снимка од реконструкцијата од разговорот меѓу пилотот, копилотот и контролата на летање во Мостар, која тогаш била под команда на францускиот контингент на СФОР.

Мета

Би можело да ве интересира

Утре 11 години од смртта на претседателот Трајковски

Ана Ололовска

Работилница за истрагите за падот на „Кингерот“

Ана Ололовска

Кулиќ го достави извештајот за падот на „Кингерот“ на македонските власти

Ана Ололовска

До крајот на јуни готов нацрт-извештајот за авионската несреќа во која загина Трајковски

Емир Латифовиќ

Одбележана 10-годишнината од загинувањето на претседателот Трајковски

Емир Латифовиќ

Десет години од смртта на претседателот Борис Трајковски

Ана Ололовска