Наредните денови без струја повеќе делови од Скопје

Од:

Поради технички зафати во електро – системот без електрична енергија во наредните неколку дена ќе бидат повеќе делови од Скопје, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Утре без струја во периодот од 9 до 11 часот ќе бидат корисниците од дел од улицата. Теодосиј Синаитски и дел од населбата Горни Жданец во општина Карпош.

Во недела во период од 9 до 14 часот прекин во снабдувањето со струја ќе има за корисниците од дел од улицата Лука Геров, поточно во  околината на фирмата АДИНГ во општина Ѓорче Петров.

Во понеделник, пак, од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата Востаничка бр. 138, бр. 140, бр. 144, бр. 146, бр. 148, бр. 160, бр. 162 и бр. 164 и улицата Рилски Конгрес бр. 97 и бр. 99 во општина Кисела Вода.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од слото Зелениково,  од 9:30 до 10:30 часот корисниците од  улицата Лука Геров, подулици бр. 2, бр. 4 и бр. 6.  во општина Ѓорче Петров, во време од 9:30 до 15:00 часот корисниците од  улиците Нов Живот, Виничка и  Дринска во општина Шуто Оризари, а од 11:30 до 15:00 часот корисниците од улицата Востаничка бр. 80, бр. 82 и бр. 84 и улиците Рилски Конгрес бр. 59 и бр. 61 во општина Кисела Вода.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз