Наплатените придонеси не се доволни за покривање на пензиите

Од:

Зголемените приходи не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на пензиите во 2024 година, поради што се вршат трансфери од Буџетот на државата кои учествуваат со 36,71 отсто во вкупните приходи на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, велат од Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот за 2024 година.

Со извршената ревизија за 2024 година изразено е неповолно мислење за вистинито и објективно прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности, како и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики.

-Со спроведената ревизија ревизорите меѓу другото утврдиле дека приходите од наплатен придонес за ПИО1 во 2024 година се зголемени за 14 отсто во однос на претходната 2023 година и изнесуваат 71.435.601 илјади денари со учество од 61,74 отсто во вкупно остварените приходи. Оствареното зголемување на приходите во 2024 година и понатаму не е доволно за покривање на расходите за пензии кои исто така секоја година бележат раст и во 2024 година изнесуваат 90.277.241 илјади денари, се наведува во соопштението од ДЗР.

Оттаму укажува дека процентот на средствата кои се одвојуваат од Буџетот на државата до 2018 година континуирано се зголемува, за да од 2019 година бележи тренд на намалување. Во 2024 година учеството на трансферираните средства од Буџетот на државата учествува со 36,71 отсто и бележи зголемување од 4,14 отсто во однос на 2023 година.

-Врз основа на податоците од матичната евиденција на Фондот со состојба декември 2024 година, бројот на осигурениците изнесува 556.294 лица додека бројот на пензионери изнесува 343.048 лица односно соодносот пензионери/осигуреници на крајот од 2024 година изнесува 1:1,63 и истиот бележи намалување во однос на 2023 година кога изнесувал 1:1,70, се посочува во соопштението.

Ревизијата укажува на слабости во начинот на пресметката и навремената уплата на придонесите за осигурениците во вториот пензиски столб. Иако Фондот ги изготвува пресметките и ги доставува до надлежното министерство во законски утврдениот рок, средствата не се трансферираат навремено, при што во 2024 година доцнењето изнесува во просек околу два месеца. Заклучно со 27.02.2026 година, утврден е долг од 2.592.918 илјади денари по основ на нераспределени придонеси кон приватните пензиски друштва.

Ревизијата утврдила дека Фондот не врши навремена уплата на придонесите и за здравствено осигурување на пензионерите кон Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, иако има законска обврска за тоа. Во 2024 и 2025 година исплатите се вршени со задоцнување од неколку месеци, при што до 28.02.2026 година придонесите се исплатуваат со доцнење од осум месеци. Вкупната неисплатена обврска за периодот од јуни 2025 до јануари 2026 година изнесува 8.415.865 илјади денари односно 136.400.000 евра.

Оваа состојба, како што посочуваат од ДЗР, овозможува пензионерите да користат здравствени услуги без навремено уплатени придонеси, што негативно влијае и врз ликвидноста на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

-Фондот во континуитет се соочува со недостиг на кадровски капацитети на стручен и обучен кадар во секторите клучни за дејноста, подрачните единици, во Секторот за ИТ и во одделението за внатрешна ревизија, што значително влијае на квалитетот на извршувањето на дејноста и работењето на Фондот, се наведува во соопштението.

Во делот на административното работење на Фондот со ревизијата се утврдени одредени надминувања на утврдените слабости од минатите години, но во периодот предмет на ревизија, 2024 година.

-Не е извршено евидентирање на движниот и недвижен имот во деловните книги на постојаните средства добиени по основ на стечајни постапки за кои Фондот има сопственост или пренесено право на користење; пописот на земјиштето е нецелосно спроведен и не е воспоставена целосна сметководствена евиденција на истото; пописот на дел од побарувањата е извршен без утврдување на правниот основ и застареност; Фондот не располага со целосни податоци за вкупно наплатените средства од акцизи од Буџетот и за основот за повлекување на средства од сметката од
страна на надлежното министерство што влијае на потврдување на точноста и целосноста на наплатените приходи по овој основ; одредени слабости во начинот на издавање на деловниот простор под закуп; на сметката за уплата и распределба на придонеси, на крајот на секоја година остануваат парични средства кои не се користат за исплата на пензии; слабости во спроведувањето на дел од постапките и реализацијата на договорите за јавни набавки;
слабости во начинот на доделување и исполнетоста на условите за сместување во становите при домовите за живеење на корисниците на пензија со кои
стопанисува Фондот, се посочува во соопштението од ДЗР.

Во делот на останати прашања од ДЗР известуваат за не усогласеноста на Законот за ПИО со Законот за административни службеници во начинот на пресметка на платите на вработените.

За надминување на утврдените состојби ревизорите дале препораки по кои надлежните органи имаат обврска да постапат.

Би можело да ве интересира

Сомнителни исплатни на хонорари во Академијата за судии, покажува извештајот на Ревизија

Катерина Ѓуровски

Неповолен ревизорски извешатај за работата на Министерството за европски прашања

Населението старее, нарушена е одржливоста на пензискиот фонд, оценува ДЗР

Низок процент на опфат на скрининзите за рак на дојка и матка, 80 отсто од пациентките со рак почнуваат со лекување во подоцнежни стадиуми на болеста

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Колекторски систем работи без дозвола и трупа дологови

Катерина Ѓуровски