Наместо на протест, денеска од „Протестирам“ ќе дебатираат кај Школка

Од:

Активистите на граѓанското движење „Протестирам“ вечерва, наместо на протест пред Владата, во 18 часот ќе се сретнат кај Школка во Градски парк за да разговараат за наредните чекори.

Од движењето велат дека немаат проблем да протестираат пред Влада, но сметаат дека во овој период можат на друг начин да придонесат за развојот на настаните.

Од „Протестирам“ велат дека можно е да направат граѓански пленуми во секоја општина или урбана заедница и преку разговори и објаснувања да се обидат на повеќе граѓани да им ја објаснат идејата и целта на протестирањето.

– Со граѓаните кои моментално се пред Влада имаме некои исти барања. Мислиме дека ако протестираме со нив, нема да можеме да придонесеме многу, но затоа, пак, можеме на други начини да се обидеме да помогнеме. Планираме да се фокусираме повеќе на нашето трето барање, односно, формирање Влада за демократизација на институциите и овозможување фер и демократски избори – изјави Билјана Гиновска од движењето „Протестирам“.

Дали од утре ќе продолжат со протести „секој ден во 18“ или, пак, ќе имаат други активности, ќе се знае во текот на денот.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Пред Собранието започнаа да се собираат граѓани, за поддршка на Катица Јанева

Емир Латифовиќ

Протестирам до Иванов: Со аболицијата ти си патрон-светец на најголемите криминалци и тирани на македонскиот народ!

Ана Ололовска

Јавно обраќање до уставните судии: Застанете на страната на правдата!

Ана Ололовска

Во повеќе градови протести во организација на „Протестирам“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Царовска: Глумиме држава и демократија, а добиваме потврда за диктатура

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Миленковска: Аболицирани политичари не градат правна држава

Емир Латифовиќ