Намалена видливост поради магла на патот Тетово – Попова Шапка

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 40 – 50 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

Од ЈП Македонија пат информираат дека сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања.

-ЈП Македонија пат со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата. Исто така, на располагање се и фирмите со кои соработуваме, како навремено би се справиле со снежните наноси, велат од јавното претпријатие.

Оттаму предупредуваат дека на одредени патни правци кои поминуваaт низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Би можело да ве интересира

Ледено утро во Берово, снежна идила на Попова Шапка

Дански скијач извлечен од лавина на Попова Шапка

Катерина Ѓуровски

Магла на Плетвар, влажни коловози

Отежнат сообраќај на Плетвар и кај Крушево поради магла и снег

Магла на патот Свети Николе – Сарамзалино – Велес

Најстудено на Попова Шапка, но и во Битола и Крива Паланка

Горан Наумовски