Намалена видливост поради магла на патните правци Скопје – Петровец, по Повардарието и од Струмица кон граничниот премин Ново Село

Од:

Појава на магла со видливост од 50 м. до 100 м. утрово има на патниот правец Скопје – Петровец и по Повардарието, додека видливост до 50 м. има од Струмица кон г.п. Ново Село.

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Магла на патот Тетово – Попова Шапка

Горан Наумовски

Слаби врнежи од снег на Попова Шапка, магла кај Страцин

Магла во Крушево: Намалена видливоста на патиштата

А1он

Магла во Повардарието

Намалена видливост поради појава на магла на повеќе патните правци

Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци низ државата