Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови

Од:

Во текот на ноќта преовладуваше променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер кој во регионот на Штип достигнуваше брзина до 45 километри на час. Изутринава времето е сончево со мала до умерена локална облачност.

Најстудено беше на Попова Шапка кае е измерена температура од – 7 степени Целзиусови по што следат Крушево со – 5 и Маврови Анови со – 4, – 3 степени се измерени во Берово, -2 во Петровец, Штип и Виница, -1 во Скопје кај Зајчев Рид, Битола, Струмица, Тетово, Крива Паланка и Охрид, 0 во Демир Капија, Претор и Прилеп, 1 во Кавадарци и Велес, а најтопло беше во Гевгелија каде е измерена температура од 2 степена Целзиусови.

Најмногу дожд 5 литри на квадратен метар во изминатите 24 часа наврна во Тополчани, 4 во Пожар и 1 во Крива Паланка, а највисока снежна покривка од 59 сантиметри има во Маврови Анови, 54 сантиметри се измерени на Попова Шапка, 24 во Крушево и 2 во Тетово.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието и во источните делови повремено ќе засилува. Максималната температура ќе достигне од 3 до 10 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени Целзиусови.

Би можело да ве интересира

Сончево и релативно топло со мала локална облачност

А1он

Ведро и студено утро, преку ден сончево и топло

До четврток сончево и топло, од петок и во викендот дожд

Студено утро, релативно топло преку ден

А1он

Топло во следните денови, УХМР најавува температури до 29 степени

Сончево со мала облачност и темепратури до 26 степени