Најдобрите 500 скопски средношколци бесплатно ќе го полагаат Microsoft Office испитот

Од:

Град Скопје одлучи да ги поддржи најдобрите 500 ученици од средните училишта кои се во негова надлежност, овозможувајќи им бесплатно полагање на официјалниот Microsoft Office испит.

Од јануари годинава Град Скопје е официјален партнер на Microsoft Македонија и Certiadria во организација и спроведување на првиот национален натпревар Microsoft Office Specialist, во кој натпреварувачите ќе имаат можност да ги покажат своите вештини во познавање на Microsoft Office апликациите.

– Со цел да се изберат најдобрите ученици, без разлика на нивниот социјален статус, Certiadria  изврши квалификациско тестирање на сите заинтересирани средношколци. Со тестирањето беа опфатени 811 ученици, од кои 565 успешно ги положија квалификациските тестови, информира Град Скопје.

Град Скопје и Certiadria отворија тестинг центри во пет средни училишта-„Раде Јовчевски-Корчагин“,„Никола Карев“,„Орце Николов“, „Георги Димитров“ и „Зеф Љуш Марку“, во кои оние 500 ученици, што освоија највисоки резултати на квалификациското тестирање, деновиве го полагаат официјалниот Microsoft Office Specialist испит.

Сите ученици кои ќе го положат официјалниот испит ќе се здобијат со сертификат кој ќе им биде од особена важност како при аплицирање за упис на факултет, така и при поднесување на апликација за вработување.

Полагањето на испитите заврши до 25 мај, по што најдобрите 30 ученици, оние што освоија најмногу поени на официјалниот испит, одат директно во финалето на националниот натпревар Microsoft Office Specialist, кој ќе се одржи утре во 10 часот, во просториите на Стопанска банка на кејот „13 Ноември“.

Победниците на националниот натпревар ќе имаат можност да учествуваат во светскиот натпревар Microsoft Office Specialist 2016, организиран од Certiport Inc, кој се одржува 13 години во САД. Годинава натпреварот ќе се одржи во Орландо, Флорида.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март