Најдобри 25 студенти овој месец на наградно патување во Барселона

Од:

Дваесет и пет најдобри студенти во завршна година од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип од 20-ти до 23 мај ќе престојуваат во Барселона на трошок на Министерството за образование и наука.

Тие ќе ја искористат новата стимулативна мерка и се избрани на првиот конкурс на МОН за наградно патување за студентите со просек од најмалку 9.5 од првите три пласирани универзити на националното рангирање.

Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски на прес-конференција соопшти дека на јавниот повик аплицирале 132 студента, а 25 ги исполнувале условите наведени во конкурсот според мешовитата комисија.

Секој од нив ја избрал Барселона за дестинација (покрај која беа понудени и Париз и Венеција) и сите тие од двата понудени периоди (мај или октомври) го избрале овој месец за наградното патување.

– Трошоците за сместување, храна и авионски превоз ќе бидат во целост покриени од Министерството за образование и наука за што МОН веќе и потпиша договор со агенција којашто ќе го реализира патувањето од 20-ти мај до враќањето на 23 мај. Исклучително ми е драго што оваа мерка предизвика значаен интерес кај студентите, што се виде и од пристигнатите апликации, рече Ристовски.

Оваа мерка, додаде тој, ќе продолжи во наредната година, а со оглед дека оваа година ќе се спроведе второто национално рангирање на македонските универзитети од страна на шангајскиот Универзитет Џао Тонг,  очекува дека наредниот пат ваква можност ќе имаат и најдобрите студенти од други универзитети во земјава.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска