(ВИДЕО) Најдете и некаква работа, што било нека работи

Од:

СДСМ на прес конференција во Гостивар објави разговори за кои посочи дека покажуваат како се злоупотребуваат државните компании за партиските интереси на ВМРО-ДПМНЕ.

Влатко Чингоски од позиција директор на ЕЛЕМ, бара од Александар Левковски, директор на ХЕЦ Гостивар, да обезбеди возило за партиските потреби на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар, за време на спроведување на пописот, којшто власта не успеа ниту да го спроведе, рече Благојче Трпески, претседател на ОО СДСМ Гостивар.

Беше објавен и разговор за кој беше посочено дека ги потврдува партиските вработувања во ХЕЦ Маврово и покажува дека се оди дотаму и се примаат луѓе, по партиска директива, иако нема ниту просторни услови, па дури нема ниту работа.

Во разговорот помеѓу Влатко Чингоски и Онер Јакупоски, директор на Националниот парк Маврово, според СДСМ се открива како за претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Дебар се бара подобро работно место, само затоа што било потребно овој Комитет да функционира подобро.

Од партијата повторно го објавија разговорот каде како што рекоа треба да се потсети на директивата на Никола Груевски до Миле Јанакиески, радио Гостивар да го земе некој од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Разговор помеѓу Александар Лефкоски и Влатко Чингоски

ВЧ: За друго нешто те барам..
АЛ: Има барање од највисоко ниво…..да се обезбеди возило за попис значи, најди некоја методологија да се обезбеди, не мора да знае тој другиот директор, дали е наше или некое шо не е брендирано, дали некое од овие што се обезбедувачи шо работат, ваму, таму, најди некое некое возило, и кажи му на Саше, Саше ево ти возило на терен, имаш на располагање за време на пописот.
Ал: До 15-ти, така директоре?
ВЧ: да да До 15ти, додека заврши пописот.
АЛ:Договорено,
ВЧ: Ако има нешто проблеми, ќе ми јавиш, ама гледај…
АЛ: Сигурно нема да има, ќе се слушнам сега со Сашо и нема никаков проблем да има.
ВЧ: Е така, кажи му директорот ми се јави, ќе ви обезбедам тука возило и ќе ви го дадам на располагање, нормално како што ќе ви го дадам така да ми го вратите, да нема некои проблеми таму.
АЛ: Сигурно, не ја ќе им го даам со мој шофер. Нема да им го даам тие да го користат.
ВЧ: доброо
ВЧ: Се што ќе ви треба, тука ви е, како ваше да ви е.15 дена, додека пописот ви е на располгање. Е така..
АЛ: Ради сигурност, ја ќе го даам со мој шофер, некој наш човек сигурно шо ќе биде наш.
ВЧ: Да некој шо немал возило, да не знае и овој другиов, знаеш.
АЛ: Готово, директоре, договорено.
ВЧ: е така…Поздрав Александар, пријатно..
АЛ: Пријатно

Разговор помеѓу Александар Лефкоски и Владо Чингоски

ВЧ: Имате таму една девојка, Александра Заковска.
АЛ: Да.
ВЧ: Зорица, Зорица.
АЛ: Да, да.
ВЧ: Од Тетово.
АЛ: Да.
ВЧ: Шо е проблемот со нејзе?
АЛ: Па нема проблем, не знам сеа за што станува проблем со неа.
ВЧ: Па не знам, тука ми се луѓето од Тетово, се жалат, она секој ден оди со плачење дома, ниту има место за сместување, ниту за седење, не ја третираат исто како да е жива. Што е работата? Таа не е случајно таму дојдена, ниту па ја сум ја пуштил затоа што била убава или најдобра. Таа требало да биде таму и треба да си ја прифатите како таква. Саше рекол, немал место за нејзе. Кој е тој Саше да кажува дали има место, дали нема место.
АЛ: Не, вака сега, ја да ви кажам каква е ситуацијата.
ВЧ: Кажи. Ајде да знам и јас за да можам да си преземам и јас мерки.
АЛ: Значи, објективно ќе ви кажам како е. Како кажал Саше, не знам.
ВЧ: Добро.
АЛ: Значи, таа е примена таму и како што е примена, е примена. Е сега, во канцелариите таму што ги имаме постојните, значи, просторно немаме можност да ја сместиме. Ја најдов некое компромисно решение, е стаена во библиотеката.
ВЧ: Добро, во библиотеката, ама што работи таму?
АЛ: Си има таа, адаптирана е, таму има биро, све како што треба да биде сместено.
ВЧ: Добор.
АЛ: И таму си е. Сеа, реакцијата нејзина, колку што знам ја, е дека не добива доволно работа, меѓутоа, таа е примена на место кај што се две. Значи, место за водење на даноци, такво е местото, не знам точно.
ВЧ: Мхм.
АЛ: Е сега, колку има работа, тие толку ја делат работата, значи. Не можеме ние…
ВЧ: Најдете и нешто друго работа. Не е битно, што може она да работи со средно, дајте и нешто друго.

Разговор помеѓу Онер Јакупоски и Влатко Чингоски

ВЧ: Ало
ДД: Повели те слушам
ВЧ: Види вака прво сакам да те прашам за еден телефон од овој од градоначалникот не градоначалникот, директорот на националниот пар Галичица Зоки ама најдов, се снајдов во меѓувреме, го чув чоекот…
ОЈ: Добро…
ВЧ: Ти се знајш со него така?
ОЈ: Да бе…
ВЧ: Добро дете ми изгледа вака не знам сеа, наш е така, партиски?
ОЈ: Наш е да, да да наш е…
ВЧ: Наш…добро, се чув, фала ти за бројот, го најдов…Е сега ми најави нешто Веле утре…во вторник состанок со него, Веле Ѓорѓиевски
ОЈ: Да да…
ВЧ: Знајш за шо е таа работа? Не успеав да го прашам него шо е работава…
ОЈ: Бевме заедно ние во Парламент, бевме претходно…бевме кај Кире Божиновски, во врска со пописов само меѓудругото се отвори нешто во врска со Шпиље…
ВЧ: Добро…
ОЈ: …за претседателов на општинскиов Дебар некако таму да влезе пошо ваму кај шо е ниту е функционален ниту партијата ниту комитетот може да функционира, тоа е маката…
ВЧ: Каде е тој? Каде е сеа тој?
ОЈ: Тој е во Македонија пат на секцијата во Дебар ама таа е толку утепана работа што буквално губи на рејтинг и партијата и тој како човек како претседател не може ништо да помогне, патиштата се во лоша состојба, знаеш Македонија пат како е…
ВЧ: Да, да, а шо е по струка?
ОЈ: Дипломиран економист
ВЧ: Економист, добро…абе види знаеш како е со вработувањава…
ОЈ: Знам, знам…се јасно ми е
ВЧ: Додека не се објасни од некое друго ниво не се донеси одлука, не може да се реши тоа прашање…
ОЈ: Да..абе види сеа, добро е да поразговараме на таа тема зошто и членовиве што се на кадрова новиве беа тука..вика да напраите средба со Чинго па известете не зошто и Кире бараше некаква информација околу таа работа…
ВЧ: Добро де добро важи, ќе се видиме ние во вторник…
ОЈ: …да се напраи тоа пошто после ние имаме и за Студеничани, Долнени, Пласница….за пописов некои агенди и така
ВЧ: Така, добро, добро значи ќе се видиме ние тогаш во вторник а за ова завршив работа така да нема проблем…

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Миле?
МЈ: Да, да, Ве слушам.
НГ: А бе Радио Гостивар….
МЈ: Добро.
НГ: Ти се јавил еднаш Мане, да го земе некој наш, да видиме.
МЈ: А бе Претседателе, зборувавме и на Влада. Значи таму требаше стечај да покрени Горан Трајковски на Влада еднашка…
НГ: Чекај да те уклуачм, да слуша и Мане, да не прераскажувам, ајде, кажи сега.
МЈ: Значи таму главен доверител беше Управа за јавни приходи…
НГ: Добро.
МЈ: И бидејќи вработените во РТ Гостивар и тие побаруваат од Радио Гостивар не може да покренат стечај, зошто веќе треба да се плати, и Вие еднаш му рековте на Горан Трајковски, сега треба да проверам до каде е, да покрени стечај. И во стечајна постапка или да се купи или да се поништи или да се ликвидира, па да го отворат ново. Значи во стечај мора да оди таа фирма. На луѓето му е најбитно да си ги земат парите.
НГ: А да се даде на Унија на млади, нешто, на некој човек да го работи?
МЈ: Ама многу долгови има таму. Ако сака некој нека го земе, ама тоа не е профитабилно. Постои сега радиото, таму има еден вработен само…
НГ: Ама не е за профит. Работава е да го работи.
МЈ: Нека го работи Претседателе, ама има само еден вработен таму, сега. И нема ни опрема, ни ништо. Значи, на времето ставиле некоја антена, ама има многу долгови. Значи има кон Управа за јавни приходи, има плати, има здравствено, има ПИОМ. Ако имаме некој човек што може да го работи, нека го работи сега. Ама, Мане тогаш бараше да оди во стечај.
НГ: Е зашто не отиде во стечај сега?
МЈ: Па не знам Горан што направил, да видам, Горан што направил.
НГ: Е па ај види, па јави се.
МЈ: Важи.
НГ: Да го разбуричкаме ова и да го убрзаме.
МЈ: Ќе Ви пишам одма.
НГ: Или пиши, или јави ми се одма, тука сме ние во канцеларија.
МЈ: Ајде.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски