Награди за хуманитарни активности на институции и поединци

Од:

Хуманитарната Фондација „Проф. др. Љупчо Ајдински“ додели парични награди и признанија со плакети и сертификати за хуманитарни активности на институции и поединци, како и на лица со инвалидитет.

Добитници на овие награди и признанија се деветгодишниот Јане Велковски, со тежок инвалидитет, за успешно интегрирање во редовниот образовен систем, Даниела Саздова, дефектолог, практичар за успешна хумана активност, Завод за рехабилитација на слух, говор и глас како успешна установа во рехабилитацијата, и ПОУ „Св. Климент Охридски“, Ново Село, Струмичко, како успешна установа во рехабилитацијата на лица со умерена и лесна психичка попреченост.

Наградени се и Анета Петровска и Анета Стефановска за најдобар дефектолог и голем хуманист, Живко Поповски – Цветин за создадени илјадници слики „Цвеќе на мирот“ со свои финансиски средства, доделени на високи светски и наши државници како и на голем број хумани лица во Републиката, Ване Марковски, новинар и водител на Канал 5 ТВ, за бројни хуманитарни емисии и за обезбедување и делење на храна на сиромашни семејства, како и Здружение на граѓани „Љубезност“ за обезбедување и делење на храна, секоја недела на бездомни лица.

Овие признанија и награди Хуманитарната Фондација ги доделува веќе седум години, на 28 април – роденденот на носителот на Фондацијата, универзитетски професор д-р Љупчо Ајдински, голем хуманист и филантроп, кој целиот свој живот го посветил во создавање кадри низ воспитно-образовниот систем и неговото општествено ангажирање.

Покрај ова, Фондацијата секоја година на 3 декември – Светскиот ден на инвалидитетот, доделува парични награди и стипендии на лица со инвалидитет, студенти – најдобри во генерацијата, со што проф. д-р Љупчо, кој годинава наврши 88 години, дава огромен придонес во развојот на хуманитарната дејност и за успешно интегрирање на децата со инвалидитет во образовниот систем во Македонија и пошироко.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Топол оброк за стотина граѓани, се подигнува свеста за користење на вишокот храна

Ана Ололовска

ВИДЕО: И Сашко Коцев се приклучи на хуманитарната забава за Николче од Велес

Ана Ололовска

Хуманитарен настан „За ХАЕ, на точак“

Емир Латифовиќ

Хуманитарен концерт на Битолскиот детски хор „Ѕвончиња“

Ана Ололовска

Светскиот ден на прва помош

Ана Ололовска

СДСМ се вклучи во хуманитарната акција на Американската амбасада во Скопје и Црвениот крст

Ана Ололовска