Надлежната собраниска Комисија го усвои извештајот на Јавниот обвинител за примена на посебни истражни мерки за 2018

Од:

Собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите на денешната седница го усвои извештајот на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија за примена на посебни истражни мерки во 2018 година.

Јавниот обвинител Бодан Лазаревски, кој во името на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески го образложи извештајот, оцени дека примената на ПИМ дава резултати и овозможува успешен прогон на сторителите на овие кривични дела. Се применува строго рестриктивно, потенцира, даваат успеси и понатамошната примена на овие мерки е пожелна.

– ЈО е рестриктивно во барањата и примената на ПИМ, бидејќи ваквите мерки претставуваат грубо кршење на слободите и правата на граѓаните и се применуваат само во случаи кога е тоа навистина неопходно, кога се потребни докази и не може да се дојде на друг начин. И за оние кривични дела вообичаено од областа на организираниот криминал и во делот на кривични дела кои се таксативно наброени и за кои е дозволена примена на ПИМ, рече обвинителот Лазаревски.

Тој информира дека во текот на 2018 година ПИМ се применети во 95 случаи против 317 лица со утврден идентитет и 551 предмет на кривично дело. Споредбено, во однос на 2017 година, посочи обвинителот Лазаревски, претставува зголемување кога овие мерки биле применувани во 71 случај против 289 лица со утврден идентитет и 363 предмети на кривично дело.

– Ваквото зголемување процентуално во однос на бројот на случаите претставува 34 отсто, а во однос на лица со утврден идентитет кои биле опфатени со примената на овие ПИМ е 9,7 проценти, рече тој.

Пратеникот од ВМРО- ДПМНЕ Зоран Илиоски имаше забелешка единствено во однос на тоа што на денешната седница беше презентиран извештајот за 2018 година и побара во наредната година навремено да биде презентиран извештајот за 2019 година. Обвинителот Лазаревски најави дека извештајот за 2019 година реално е да се очекува да биде доставен пред надлежната собраниска Комисија до крајот на првата половина на 2020 година.

Инаку, на седницата под точка разно беше објавено дека на 13 декември годинава до Комисијата од граѓанинин од Скопје пристигнал поднесок во кој стои дека има сомневање за неосновано следење на неговите комуникации. Собраниската комисија Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите заклучи дека нема можност да утврди и да постапи по барањето на поднесокот на

Би можело да ве интересира

Почнува постапката за избор на нов државен јавен обвинител

Вилма Русковска не е повеќе јавен обвинител – Советот на обвинители едногласно ја разреши од функцијата

Анита Петровска Рајковиќ

Кривична за поранешен јавен обвинител и деветмина негови познаници

Горан Наумовски

Јовески: Обвинителите и судиите треба да ја обезбедат еднаквоста на граѓаните пред законот – бавната правда е неправда

Ана Ололовска

ВИДЕО: Државниот јавен обвинител не треба да се бира со политички договор, смета Маричиќ

ВИДЕО: На 22. декември ќе се гласа за новиот јавен обвинител

Ана Ололовска