Над триесет европратеници пријавени за дебатата за Македонија во ЕП

Од:

Над триесет европратеници се пријавени за вечернава дебата за напредокот на Македонија, по која утре Европскиот парламент ќе треба да ја изгласа резолуцијата предложена од словенечкиот европратеник и известувач за Македонија Иво Вајгл, jавува дописникот на МИА од Стразбур.

Според имињата на запишаните европратеници во дебата, се очекува таа да биде поделена меѓу поддржувачите на евроинтегративните процеси на Македонија и тие кои сакаат да ја прикажат земјата во неубаво светло, за да го оправдаат недавањето датум за почеток на преговори. Сепак, мнозинството европратеници во Европскиот парламент се подготвува утре повторно, по деветти пат да препорача почеток на преговори за членството на Македонија во Европската Унија.

На нацрт-резолуцијата на Иво Вајгл, за утрешното гласање се поднесени девет нови амандмани. Едниот е предложен од известувачот, кој се однесува на усогласувањето на македонското законодавство со тоа на ЕУ, како и подбрувањето на правосудниот систем. Четири се предложени од грчките европратреници од редовите на владечаката Сириза Софиа Сакорафа, Костас Крисогнос, Неоклис Силииотис и Такис Хаџигергиу поддржани од шпанецот Хавиер Кусо Пермуи. Амандманите се однесуваат на добрососедските односи, така тие ја бранат истата позиција како и нивните претходници од десницата, инсистирајќи на почеток на преговорите само откако ќе бидат решени билатералните недоразбирања.

Грчките леви радикали бараат и бришење на делот од резолуцијата, кој бара од земјите на ЕУ кои се членки на НАТО да го поддржат активно зачленувањето на нашата земја во НАТО.

Тамаш Мешсчерич од групата на Зелените, бара на пример да се повлечи проектот за изградба на браната на Маврово, или пак инсистирањето на Зелените, кое го повторуваат со години дека ако се дојде до компромисно сложено име за земјава, тогаш од тоа да не бидат погодени македонската нација, идентитет, јазик и култура.

Мешсчерич инсистира и на тоа да се внесе во резолуцијата дека беше погрешно што Јункер јавно кажа дека нема да има проширување на ЕУ во наредните пет години, што според него е опасен преседан и може да се одрази негативно на мобилизараноста на земјите од регионот за да ги спроведуваат потребните реформи, како и да се ослаби перцепцијата што регионот ја има за ЕУ. Групата на Зелените инсистира во резолуцијата да бидат појасно ставени проблемите на релација Влада-опозиција.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска