Десет професионални рибари од село Радожда со влак и друг професионален рибарски алат вршеа излов на рибата од акумулацијата Слатинско езеро.
Изловени се околу 500 примероци на крап од 300 грама до 5 килограми и друга бела риба околу 500 килограми.
Дел од рибата е префрлен на Требенишко езеро и Хидробиолошки завод , дел во реките во сливното подрачје на Охридско Езеро. Неафтохтона риба како карасот е отсранета. Изловот се вршеше до доцните вечерни часови под надзор на преставници од ЈНУ Хидробиолошки институт и Државен инспектор за рибарство.
Рибата мораше да биде изловена бидејќи нивото на водата во езерото падна на минимум поради оштетената бран