ВИДЕО: На Водно не се престанува со градење, три згради во опасност под урнатиот ѕид

Од:

Тешка машинерија, компресори, голем број работници – на падините на Водно, каде вчера попушти еден од потпорните ѕидови и оштети две новоизградени згради, и денеска забрзано се работи на недоворешните објекти. Градежната експанзија на Водно не запира и покрај предупредувањата дека поради неконтролираното копање и градење на масивни ѕидови на нестабилниот терен, се заканува нова опасност од лизгање на земјиште кое може да ги доведе во опасност и загрози животите на луѓето кои живеат тука.

Пред зградите на Славадор Алјенде, видливо е полициско обезбедување. Со полициска лента забранет влезот кон двете згради во кои заврши заврши потпорниот ѕид. Едната од зградите се уште не е вселена. Станарите од другата, која била вселена пред скоро време, се евакуирале поради страв од лизгање на земјиштето. Се забележуваат оштетувања и на соседниот потпорен ѕид, но зградата над него продолжува да се гради.

Граѓаните пак кои живеат во куќите стравуваат дека новите згради ќе им се урнат над глава. Староседелците загрижени, велат долго предупредувале кога започнала градежната експанзија дека падините на Водно нема да го издржат налетот на нови градби.

Ѕидот денеска не се санираше. Преполовен на неколку дела зградите пред него го спречуваа да заврши врз соседните куќи. На теренот беа присутни геодети и експертска екипа од градежниот факултет, кои прво треба да ги утврдат причините за пукањето на потпорниот ѕид во скопската населба Водно и дали постои опасност од свлечиште на земјиштето, ќе ги утврди експертска екипа од градежниот факултет во Скопје.

Она на кое неколку године апелираше експертската јавност но и граѓаните се случи вчера. Ѕид од 15 метри висина и 50 метри должина, пукна струполувајќи се врз зградите. Градежната експанзија за подигање згради на падините на Водно под хотелот „Панорама“ започна пред десетина години, во времето на екс градоначалничката на Центар, Виолета Аларова. Досега низ малите улички се изградени стотина, прилично луксузни згради, повеќето со приватни обезбедувања, базени и најсовремени детски игралишта. Стамбениот квадрат во овие објекти и покрај црвениот аларм дека не им е местото на падините на Водно, сепак достигна и до 2000 евра.

Неконтролирано се копаше и потоа рамнеше земјиштето, над него се поставуваа масивните ѕидови, и покрај укажувањата за нестабилност на теренот и опасноста од свлекување на земјиштето. Ќе застане ли некој на патот на градежната експанзија пред таа да донесе кобни последици по животите на луѓето кои живеат во овој регион.

Христена Антовска Јованчева

 

Би можело да ве интересира

ЦУК: Спасувачка акција на Водно, извлечено лице со скршена нога по замрзнат терен

Предраг Петровиќ

ЦУК: Петмина турски државјани кои се изгубиле на Водно безбедно се евакуирани кон Скопје

Горан Наумовски

ВИДЕО: Со полициски хеликоптер извлечен човек со скршена нога од врвот на Водно

ЦУК: Успешна потрага по лице кое се лизнало на Водно

Спасувачка акција на Водно: Се онесвестила жена, ја извлекувале пожарникари со теренско возило

Орце Костов

Пронајдени деца кои се изгубиле на Водно