На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ се одржа првиот академски час

Од:

Денеска во просторите на УИНТ „Св. Апотол Павле“ се одржа првиот академски час за учебната 2014/2015 година. Настанот го отвори Ректорот на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ проф. д-р Нинослав Марина, кој им посака успешен почеток на академската година на новите студенти.

Како најмлада високо образовна институција во државата, УИНТ го карактеризира тренд на континуиран раст и развој, раст на бројот на запишани студенти, зголемување на бројот на студиски програми, академски кадар од престижни светски Универзитети и одлично позиционирање на Шангајската ранг листа.

На Универзитетот „Св. Апостол Павле“ се применуваат и комбинираат иновативни истражувачки и едукативни практики актуелни на светско ниво и се развиваат исклучителни академски и индивидуални вредности, што го прави овој Универзитет одличен избор и прв чекор при градење на успешна академска кариера за нашите нови студенти – изјави професорот Франческо Волпони од Италија, еден од говорниците на настанот.

Како идни студенти на УИНТ, очекуваме да се соочиме со предизвици, нови искуства и знаења во полето на информатичките науки и технологии, во оваа за нас нова интернационална и мултикултурна академска средина– велат ново запишаните студенти.

На првиот час студентите добија детални информации за правилата на студирање, службите и наставно научниот кадар на Универзитетот.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование