Во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријави дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер во близина стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
По насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.
