Разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА продолжуваат и денеска по вчерашната неуспешна рунда.
Најверојатно ќе се разговата за новата, интересна идеја, како што ја најави амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли.
„Не можам да ви соопштам дека постигнавме договор, но може да ви кажам дека имавме интересна нова идеја на маса. И во петокот изјавив дека овој договор е многу важен за земјата, за вашите пријатели, за Европската Унија и за САД и ние сакаме да ги дадеме сите можности за да бидеме сигурни дека ќе го најдеме патот кон напредокот. Партиите ќе ја разгледаат идејата и продолжуваме утре“, изјави амбасадорот Бејли.
Преговорите заглавија на последните законски измени за надлежностите на министерот за внатрешни работи во преодната влада.
Прашањата околу Избирачкиот список, преодната влада и за медиумите се веќе усогласени.
Договорено е Државната изборна комисија да спроведе активна регистрација на спорните 39.500 гласачи, откако ќе бидат ставени на јавен увид. За медиумите договорено е ад-хок тело, 100 дена пред изборите да ги мониторира медиумите, а по извештаите на ова тело, Агенцијата за аудио и и аудиовизуелни медиумски услуги ќе мора да постапува. Во ова пет члено тело двајца членови експерти треба да бидат предложени од опозицијата, двајца од власта, а за петтиот заеднички да се договори. 100 дена пред изборите главен уредник на информативната програма во јавниот сервис МРТВ да биде назначен на предлог на најголемата опозициска партија.
Како можнен датум за предвремените парламентарни избори се споменуваа 4. или 11. декември, но доколку партиите не постигнат договор до крајот на неделава можно е изборите ќе се одложат за напролет, најверојатно со локалните избори.