На Попова Шапка измерени -4 степени, во Велес 7, најмногу наврнат дожд во Маврови Анови и Претор

Од:

Утрово најниска температура е измерена на Попова Шапка – 4 степени Целзиусови, најтопло со 7 степени е во Велес, додека најмногу дожд во изминатите 24 часа до 07 часот во Маврови Анови и Претор со 2 литри на метар квадратен.

Во Лазарополе се измерени -1 степен, 0 во Маврови Анови, Крушево и Претор, 1 Битола и Берово, 2 степени во Охрид, Крива Паланка и Струмица, 3 Куманово и Прилеп, 4 Тетово, Гевгелија, 5 степени во Виница и Дебар, 6 степени во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Кавадарци, Штип и Демир Капија.

Во изминатите 24 часа до 07 часот наврнат воден талог од 1 литар на метар квадратен во Струмица, Прилеп, Дебар, Кавадарци, Демир Капија, Лазарополе, Крушево и Тополчани и помалку од 1 во Крива Паланка, Охрид и Гевгелија.

Висината на снежната покривка во 07 часот била 44 сантиметри на Попова Шапка, 30 Маврови Анови и 8 во Крушево.

Времето во текот на ноќта и утрово променливо облачно и претежно тивко, освен на повисоките места каде дуваше слаб ветер од променлив правец. Утрово наместа има ниска облачност, а во Пелагонија појава на магла.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне од 6 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и тивко. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Би можело да ве интересира

Сончево со температури до 32 степени

Сончевро време со температури до 29 степени

Сончево со мала облачност, попладне локално дожд и ветер

Сончево време со темеператури околу 30 степени

Сончево, со температура до 30 степени

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

А1он