На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

Од:

Првата интервенција е извршена кај 14-годишно девојче со вродена аномалија на стапалата. Постигната е стабилна корекција и пациентката се врати на вообичаените активности.

Операцијата ја предводеа науч. сор. д-р Ненад Атанасов и асс. д-р Милена Богојевска Доксевска, со тим составен од д-р Даница Поповска, д-р Армин Амедовски, д-р Ријад Ајро, анестезиолог д-р Лилјана Анѓелеска, анестетичарка Гордана Захариева, инструментарките Билјана Тројановиќ и Сузана Пејчиновска, радиолошкиот техничар Крешник Шеху и болничарката Ирена Галевска, информираат од Министерството за здравство.

Од таму велат дека „втората трансплантација е направена кај 13-годишно момче со повторен деформитет на стапалото. Пациентот е испишан во добра состојба и го очекува рехабилитација. Тимот го предводеше проф. д-р Зоран Божиновски, со анестезиолог д-р Ивана Крстевска Трпковска и асистенти д-р Теодора Божиновска и Искра Шојлеска Јовановска. Во интервенцијата учествуваа и средно-медицинскиот кадар: Злата Апостолоска, Кристина Реџеп, Ширете Муртезани, Крешник Шеху и Снежана Тодоровска“.

Користењето кадаверични коскени транспланти има огромно значење во детската ортопедија – се избегнува нова хируршка рана, болка и дополнителна деформација, а интервенциите се побезбедни и пократки.

„Донорството спасува и менува животи. Благодарение на семејствата кои даруваат и на тимовите кои посветено работат, денес имаме две млади лица кои добиваат шанса за подобар и побезболен живот,“ вели националниот координатор за трансплантација, Билјана Кузмановска.

Би можело да ве интересира

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

На Клиниката за ортопедија во Скопје извршена е најсложената трансплантација на коска

А1он

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

Над 200 пациенти во Македонија чекаат трансплантација на орган

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Извршена e трансплантација на коскен дефект од шест сантиметри на бутна коска

Горан Наумовски