На конференција во Варшава претставени инфраструктурните приоритети на Македонија

Од:

Инфраструктурните проекти што ги реализира Владата на Македонија за развој на Коридорите 8 и 10, како и активностите за унапредување на поврзаноста со регионот и земјите од Европската унија, се претставени на Втората министерска конференција за транспорт и бизнис форум, што се одржува во Варшава.

Македонската министерка без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска, пред учесниците на конференцијата ги образложила мерките што ги презема македонската Влада за изградба на модерен, безбеден и интегриран транспортен систем прилагоден на потребите за економскиот развој на земјата, соопшти Кабинетот на министерката Апостолска.

– Во моментов сме фокусирани на изградба на нови автопатишта и патишта, нови железнички пруги, како и реконструкција и модернизација на старите. Република Македонија е земја опкружена со копно и главниот поморски пристап се пристаништата во Грција, од тој аспект Коридорот 10 е стратешки многу важен бидејќи нajголем дел од стоките што доаѓаат од странство се транспортираат главно низ овој Коридор, затоа неговата функционалност е од суштинска важност, рекла Апостолска.

Како што навела, имајќи предвид дека железничките врски што недостасуваат создаваат потенцијални тесни грла, стратешката цел на Владата е финализирање на железничките делници на Коридорот 8 на оската Исток-Запад, што е заеднички приоритет за сите земји во регионот.

На конференцијата на која присуствуваат министрите за транспорт од земјите од Централна и Источна Европа и Кина, се разговара за развојните стратегии во насока на реализација на инфраструктурните и транспортни проекти и нивното регионално значење.

Конференцијата се организира во рамки на процесот Кина 16+1. Најавено е презентирање на стратегии и проекти за дополнително поврзување на земјите од Централна и Источна Европа со поддршка на фондови од Народна Република Кина, во пресрет на Самитот на претседатели на влади и држави што ќе се одржи следниот месец во Будимпешта.

Би можело да ве интересира

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада

Левица: Економската приказна на Владата се распаѓа – ни ребаланс не го спасува буџетот

Горан Наумовски

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени