На Клиниката за трауматологија за првпат вграден шраф во ‘рбет без класична операција

Од:

На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) првпат е извршена нова хируршка интервенција за перкутано поставување педикуларен шраф на торако-лумбален рбет без класичен пристап, односно без отворање на рбетниот столб.

Од Клиниката појаснуваат дека станува збор за воведување нова оперативна метода, која се изведува само со мали странични резови од по два сантиметра. Со тоа се штеди ткивото, има помала постоперативна болка, помала можност за инфекција и пациентот порано се пушта на домашно лекување, што претставува големо олеснување за пациентите, а ќе има и заштеда во буџетот на установата.

-По сериозна подготовка со инструменти, импланти и едукација во странство, пристапивме кон имплементација на оваа нова метода, што доведува до сериозен бенефит за пациентите. Новата метода ќе остане наследство на новите генерации спинални хирурзи во државата и претставува современа хируршка метода за третман на пациенти со повреди на рбет и друга патологија, каде е потребна задна стабилизација. Сето ова го направивме со поддршка од министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, вели директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, д-р Илир Хасани.

Би можело да ве интересира

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он

По тешката операција, принцезата од Велс замина на одмор за закрепнување

А1он

Комплексна реконструкција на подлактица направена на Клиниката за ортопедски болести

Во клиниката ТОУРАЛЕЦ првпат изведена операција на колено со помош на робот

Прв пат во светот: По хируршка интервенција прогледа слеп човек, операцијата траела четири часа

Горан Наумовски

Лекарите од Клиниката за ортопедија за првпат пресадија коскено ткиво од починат дарител

Жарко Настоски