На Клиника за ортопедија извршена втора успешна трансплантација со коска од починат донор

Од:

Уште една успешна трансплантација со коска од починат донор, втора во изминатово деноноќие.Трансплантацијата е извршена на 19 годишен пациент за корекција на деформитет на стапало како резултат на церебрална парализа, информираше Министерството за здравство.

– Во минатото корекција на деформитет се правела со користење на дел од надворешната коска на потколеницата која се земала од пациентот. Притоа се појавувал дефект кој тешко се корегирал. Со користењето на коска од кадавер, оперативниот зафат трае многу пократко и не остава дефект на друго место кај пациентот, а и корекцијата е многу постабилна.

Екипата која ја изврши трансплантацијата ја предводеше проф. д-р Зоран Божиновски со анестезиологот д-р Лилјана Ангелеска и асистенти д-р Теодора Божиновска и Кристина Јордановска, заедно со средно-медицинскиот кадар Менче Дојчиновска и Оливера Лазаревска.

Експертизата и стручноста остануваат наш императив и силно сме фокусирани на нови методи и процедури во трансплантацијата, вели проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Би можело да ве интересира

Прва трансплантација на лице извршена во Шпанија

А1он

Таткото и донираше бубрег и дел од црниот дроб на својата 7 годишна ќерка – операцијата траеше 18 часа

А1он

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

На Клиниката за ортопедија во Скопје извршена е најсложената трансплантација на коска

А1он

Над 200 пациенти во Македонија чекаат трансплантација на орган

Извршена e трансплантација на коскен дефект од шест сантиметри на бутна коска

Горан Наумовски