На гласањето на 27-ми април ќе се бележи левиот палец

Од:

Левиот, а не десниот палец, како што беше обележуван на првиот круг од претседателските избори на 13. април, ќе им се обележува на граѓаните на претстојното гласање на парламентарните и на претседателските избори закажани за 27 април, во недела, пренесе „Дневник“.

Ваква одлука донела Државната изборна комисија откако добила сознанија дека кај многумина граѓани се уште не се избришани трагите од маркирањето извршено на гласањето на 13 април.

– За да нема никакви забуни и да одбегнеме ситуации во кои на некој граѓанин би можело да му биде попречено правото да гласа бидејќи има траги од мастилото, донесовме одлука обележувањето да се врши на друго место. И ние добивме информации дека кај доста гласачи с` уште постојат траги од маркирањето и тие се видливи. До недела тие можеби нема да исчезнат и би можеле да се случат недоразбирања и проблеми – вели Субхи Јакупи, потпретседател на ДИK.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември